Вести
Во полн ек е бербата на вишни
Во штипскиот регион во полн ек е бербата на вишни.
Приносите се просечни, но производителите на вишни велат дека годинава немаат никаков ќар.
Откупната цена е намалена за над 40 насто или во моментов се откупува за околу 18 денари за разлика од минатата година кога изнесуваше 30 денари за килограм.
Од производство на вишни во штипско – карбинскиот регион егзистираат голем број на семејствата.
Во овој регион ова овошје е застапено на површина од околу 600 хектари.