вести

Во сабота трето прскање против комарци

Третата авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Град Скопје ќе се реализира в сабота, од 06 до 12 часот. Ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во градот Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар.

vo sabota treto prskanje protiv komarci

 

Третиот наврат на аеросолната дезинсекција (терестрична) на подрачјето на Град Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира в понеделник, во период од 09 до 17 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите стоечки водени површини во градот Скопје (канали, езера во Градски парк, езеро Треска и по течението на реката Вардар).

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close