fbpx
Вести

Потврдени три случаи на јазлеста кожа во Дебарско

Во општините Дебар и Центар Жупа потврдени се три случаи на заболени крави од болеста јазлеста кожа, додека за еден случај се уште нема потврда.

potvrdeni tri sluchai na jazlesta kozha vo debarsko

 

Потврдените случаи се по еден во селата Џепиште и Горно Косоврасти, општина Дебар, додека третиот случај е во село Горенци општина Центар Жупа. Трите грла се уништени.

Ова го потврди дипломираниот ветеринар Максуд Крлику, матичен ветеринар според кого место за паника нема, бидејќи говедата се имунизирани со соодветна вакцина.

Во двете општини, според надлежните, има околу 2.700 говеда и речиси стопроцентно е реализирана вакцинацијата против болеста јазлеста кожа.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close