Министерот Њупчо Николовски објави 10 факти кои ги направиле како влада за одржливо и конкурентно производство на ориз.

Македонскиот ориз влезе во законот за стокови резерви како стратешка култура.

За 300 % ги зголемивме субвенциите за површините под ориз.

Откупната цена на килограм оризова арпа достигна над 40 денари.

100 % зелена нафта за оризопроизводителите во износ од
3200 денари од хектар.

За прв пат со новиот модел на субвенционирање оризопроизводителите добија предвремена авансна исплата на
30 % во тековната година.

Исплатата на субвенции е редовна и неселективна. Веќе се исплатени и останатите 70 % за сите оризопроизводителите.

Воведовме нова мерка за набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз и има голем интерес.

Го штитиме нашиот ориз со 35 % заштитена царина за увоз.

Вредноста на извозот достигна 7 милиони евра.

Воведовме мерка за поддршка до 10 денари за извоз на пакуван ориз.