Агро бизнисБез категоријаВести
Во село Дедебалци фатени тројца мажи од Битола со дрога
Полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Н.И.(35), М.М.(38) и Б.Б.(29), сите од Битола.
На 06.06.2024 во 23.05 часот во с.Дедебалци, општина Могила, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Н.И.(35), М.М.(38) и Б.Б.(29), сите од Битола. При преглед во патничко возило „фолксваген” со битолски регистарски ознаки, во кое биле лицата, кај Б. Б. Биле пронајдени и одземени се предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.