Во следните 12 месеци приватните компании планираат да инвестираат над 160 милиони евра
Кризата не е надмината но, бизнисот почна да закрепнува. Приватниот сектор е спремен да инвестира над 160 милиони евра, покажува анкетата на Стопанската комора.
Иако градежништвото е сектор кој постојано алармира за лошата состојба во која се наоѓа, сепак тоа е секторот кој во анкетата, покрај земјоделството и ИКТ индустријата, се изјасниле дека се подготвени да ги зголемат инвестициите споредено со предкризната 2019та година. Како пречки за развојот ги навеле децениските проблеми како парафискалните давачки и даноци, инфраструктурата, недостигот на работна сила.
„Тие и пред пандемијата имале инвестициски планови кои не ги реализирале и ова е благ и умерен позитивизам дека пополека излегуваме од пандемијата, или минимално се нормализира активноста и колку тие повеќе инвестираат и се трудат да извлечат максимум од нивното работење ќе значи подобро за нив. Сепак е најава но дококлу не дај боже нешто се влоши сигурно никој нема да влезе во инвестициски циклус во таков период.“ изјави Антонета Манова Ставревска, Стопанска Комора
Најмногу ќе инвестираат во машини и опрема, технолошка надградба како и нови објекти. Сметаат дека инвестициите ќе донесат поголем промет, добивка и ќе се отворат нови работни места.Сето ова би го спровеле само доколку продолжи вакцинацијата и нема нов Корона бран.https://kanal5.com.mk/vo-slednite-12-meseci-privatnite-kompanii-planiraat-da-investiraat-nad-160-milioni-evra/a492564