fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Сончево и топло со температура до 27 степени

Слично време нѐ очекува и во вторник, а од среда времето ќе биде променливо облачно со услови за локален пороен дожд.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температурата ќе се движи од 18 до 27 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб североисточен ветер и со температура до 26 степени.

Утре нѐ очекува сончево и топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Темпартурата ќе се движи од 18 до 28 степени. Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата до 27 степени.

Слично време нѐ очекува и во вторник, а од среда времето ќе биде променливо облачно со услови за локален пороен дожд.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close