fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во Србија поставен првиот млекомат во регионов

Милован Нинчиќ живее и работи во Бранешчи, каде заедно со семејството одгледува 10 крави, од кои седум се млечни и млекото досега им го продал на жителите на Чајетина.

Локален земјоделец од Србија, на почетокот на оваа година, направил иновативен чекор и прв во регионот успешно постави млекомат достапен за граѓаните.

Милован Нинчиќ живее и работи во Бранешчи, каде заедно со семејството одгледува 10 крави, од кои седум се млечни и млекото досега им го продал на жителите на Чајетина.

За да отиде чекор понапред, тој се одлучил да воведе иновативна технологиј и од Италија, каде што има повеќе од 2000 вакви апарати, увезол т.н. млекомат, па така сега купувачите можат да купуваат чисто млеко без никакви дотатоци во кое било време од денот.

За да го инсталира овој уред, на Милован му биле потребни 15 месеци. За тоа време, тој успешно ги обезбедил сите потребни дозволи за набавка на апаратот. Кога станува збор за самиот уред, вкупниот капацитет е 100 литри и е програмиран така што со помош на сензор го известува сопственикот кога количината на млеко во него е при крај, но ќе му овозможи и да има контрола дали во апаратот има исправно млеко во секој момент.

„Млекото оди во лактофризерот, а од лактофризерот го претурам во буре од прохром. Доаѓам наутро или навечер, го менувам празното буре со ново, а апаратот го стерилизира млекото. После тоа, го ресетирам и продажбата започнува од нула“, објаснува Милован Нинчиќ.https://www.taratur.com/vo-srbija-postaven-prviot-mlekomat-vo-regionov/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close