fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Бабовски-Во јули ќе се отвори системот за аплицирање за субвенции за оваа година

 Пријавувањето на земјоделски капацитети (субвенции) за 2020 година, ќе започне на почетокот на јули месец , потврди за „Зелена берза“ директорот на Платежната агенција Николче Бабовски, денеска во Битола.

-Ценејќи ја целокупната ситуација со пандемијата на КОВИД-19 и сето она што се случуваше во државата, сите мерки кои се презедоа, се пред се ,за заштита на здравјето на граѓаните, а од друга страна и за обезбедување на финансиска сигурност на  корисниците на мерките кои што ги спроведува  Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделците. Ние дадовме можност ( бидејќи првично можноста беше до 15 март), во ПЕ на МЗШВ да се ажурираат податоците во Единствениот регистер на земјоделски стопанства, тој рок се продолжи  до крајот на овој месец, односно до 30 јуни. Штом се заврши таа постапка во наредните денови ние како Агенција ќе ги повлекуваме податоци од МЗШВ и во текот на месец јули, надевајќи се дека и бројот на заболени и новозаразени ќе падне, а не сакајќи да ги доведеме во опасност животите на нашите корисници, земјоделци, од месец јули ќе започне аплицирањето за поднесување на единствено барање. Ова го правиме со цел ни земјоделците  да бидат оштетени, ниту нивната здравствена состојба да ја доведиме во прашање, изјави Бабовски на прашање на „Зелена берза“.

Според Бабовски рокот за аплицирање за субвенции ако е потребно ќе се пролонгира со цел да нема ризик по здравјето и на вработените во подрачните единици и на земјоделците.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close