Вести
Во струмичко откупени 1.500 тони тутун
Во изминатите триесет дена од годинашната откупна сезона во струмичко се откупени околу 1.500 тони тутун, или 50 отсто од реколтата од 2015 година.
Според претседателот на Групацијата за тутун, Никола Стаменов, откупот на тутунот во струмичко се одвива според планираната динамика и без значителни проблеми.
– Дневно на дваесетте откупни пункта се откупуваат по над 50 тони тутун и според нашите согледувања се врши реална проценка на квалитетот, согласно утврдените мустри. И во струмичко просечната цена за килограм тутун е 175 денари, просек кој до крајот на откупот сигурно ќе се зголеми, изјави Стаменов.
Во текот на откупот забележан е само еден случај на барање за проценка на тутунот од Второстепена комисија.