fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Во струмичко Василево промовирани поставените агро-метереолошки станици

 

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион денеска во атарот на село Василево ги промовираше поставените агро-метереолошки станици пред министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада и градоначалниците од Југоисточниот регион.

Милевски информира дека за овој проект половината од средства за агро-метереолошките станици се обезбедени од министестерството, а останатите од швајцарската амбасада.

– Овој проект е некаде над пет милиони денари и со тоа им помагаме на земјоделците да ги зголемат своите приноси и да заштедат на средства. Земјоделците кои пробно ги користеа имаат заштеди и намалени трошоци од 30 до 40 отсто и имаме зголемо производство за 30 проценти, бидејќи овие мерни станици ги прогнозираат временските услови и овозможуваат да превенираат и кога да ги користат хемиските препарати, рече министерот Милевски.

На новинарско прашање дали Владата ќе постави агро-метереолошки станици и во другите плански региони, министерот Милевски одговори дека и покрај тоа што Министерството за локална самопуправа нема директни надлежности во земјоделството, сепак доколку овие мерни станици покажат резултат, тогаш Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе треба да вложи напори да инсталира такви мерни станици во сите плански региони.Целиот текст може да се прочита ТУКА.

Извор:Сител

Слични написи

Back to top button
Close