fbpx
ВестиМакедонија

Во тек разговорите за новиот антикризен пакет, се зголемува бројот на индустрии што бараат помош

Според најавите, угостителството, транспортот, туризмот, тутунарите и медиумите ќе бидат во фокусот на петиот сет мерки, како директно најпогодени сектори на кои им е неопходна помош.

Интензивно течат разговорите за новиот, петти антикризен пакет мерки што треба да обезбеди финансиска поддршка за граѓаните и стопанството. Отворена е широка дебата во која се вклучени синдикатите, коморите, работодавачите. Даваат предлози, сугестии и мислења кои би се разгледале од страна на Владата со цел поефективна распределба на државната помош.

Според најавите, угостителството, транспортот, туризмот, тутунарите и медиумите ќе бидат во фокусот на петиот сет мерки, како директно најпогодени сектори на кои им е неопходна помош.

Но, да бидат вклучени во антикризниот пакет побараа и други индустрии: музичарите, организаторите на настани и претставниците на фото и видео дејностите. Некои дури формираа и комори за здружено да делуваат.

За новиот сет мерки вчера седница одржа и Економско-социјалниот совет. На седницата присуствуваа Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Конфедерацијата на слободни синдикати и Организацијата на работодавачи.

ССМ побара да продолжи финансиската поддршка за исплата на плати, но искажа и неколку други барања: надоместот на плата за отсуството од работа поради зараза од КОВИД, изолација и самоизолација да изнесува 100 проценти од основицата утврдена со закон, спроведување јавни набавки од страна на државните органи исклучиво од домашните компании кои не отпуштиле неосновано работници и не злоупотребиле од финансиската поддршка за исплата на платите, работниците кои користеа мерки како хронично болните, бремени жени, чување на дете до 10 години да бидат исплатени во висина на нивната плата, без нејзино намалување и истовремено да се води грижа за мајките кои користеле породилно отсуство, а им престанал договорот за вработување по кој било основ, како и да имаат право на платено на породилно отсуство.

– Точно 11 месеци сме соочени со невиден предизвик, 11 месеци сме без можност за работа и без остварување приходи, а не знаеме уште колку ќе трае кризата, реагираа компаниите членки на Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП).

Тие сметаат дека државата ги заборавила и дека не се третирани соодветно на состојбата во која се наоѓаат. Предупредуваат дека се пред колапс и оти мерките што досега ги понуди Владата не се доволни зашто намалувањето на прометот во нивниот сектор, како што велат, е и до 100 проценти.

– Иако нашата работа подразбира гласност и многу врева, одлучивме во оваа криза да делуваме одговорно и тивко, со намера да покажеме дека сме конструктивен партнер во борбата против пандемијата. Но, тоа не значи дека треба да бидеме заборавени или игнорирани. Затоа, бараме итно и веднаш да бидеме издвоени како една од најзагрозените дејности од пандемијата, а во претстојниот пакет мерки за помош да бидеме вклучени соодветно на состојбата во која се наоѓаме, соопшти ИВАП.

Претставниците на фотографската и видео дејноста, пак формираа Комора. Здружени, апелираа дека и тие се погодени од пандемијата, дека се колатерална штета од ограничувањата за работа на угостителските објекти, дека е загрозена нивната егзистенција и дека државата ги заборавила. Затоа, како што нагласија, бараат да бидат опфатени со петтиот пакет антикризни мерки. Според Комората, голем дел од нејзините членки се микро и мали претпријатија со мал број вработени, еден до пет, па само со отпуштање на еден вработен не ги исполуваат условите за користење на владините мерки и условите за поволните кредити од Развојната банка. Поради откажаните настани и намалената работа, повеќето дуќани ги отпуштиле вработените, дел ги ставиле фирмите во мирување, а некои ги затвораат претпријатијата.

-Нашите членови се колатерална штета на забраните кои се однесуват на угостителскиот сектор за организирање и одржување семејни веселби, прослави и настани. Ние како дејност која највеќе се занимава со фотографирање и видео снимање на погоре спомнатите настани, поради забраните ги изгубивме сите договорени настани за 2020 година, а овој тренд на откажување ќе продолжи и во 2021-ва ако пандемијата не се стави под контрола, напиша Комората во дописот до медиумите, изнесувајќи повеќе барања.

Комората најави и дека деновиве, додека чека средба со надлежните по упатените барања, ќе направи статистика за претрпената штета во овој сектор од почетокот на пандемијата. помош, појасни Битиќи.

Очекувањата на Владата се дека петтиот пакет на мерки нема да бара нови задолжувања и да порасне јавниот долг. Ако е потребно, како што рече Битиќи, ќе направат и нов пакет мерки. Со сите пакети досега заклучно со декември минатата година веќе се потрошени 360 милиони евра кои се вбризгани кај граѓаните, стопанствениците, а во јануари годинава има и дополнителни средства кои се потрошени.

https://nezavisen.mk/vo-tek-razgovorite-za-noviot-antikrizen-paket-se-zgolemuva-brojot-na-industrii-shto-baraat-pomosh/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close