fbpx
Без категорија

Во тетовско пожарите на отворено проголтаа над 100 хектари земјоделска површина, уништен целиот род

Во тетовско нема место без пеплосани ниви.

Во тетовско нема место без пеплосани ниви. Топлото  време и неодговорното однесување на човекот, предизвикаа серија пожари во текот на месецов. Над 100 хектари земјоделската обработлива површина претежно засадено со пченица која земјоделците чекаа да се собере, а во текот на цела година ја одгледуваа, пламените јазици ја проголтаа за десетина минута.

Гореше во тетовско Стенче Општина Брвеница, а настрадаа и нивите во руралните општини Теарце и Брвеница.

Од Територијалната против пожарна единица Тетово, велат дека имаат полни раце работа. Гасење на пожари на отворено е голем проблем, особено низ нивите каде нема пристапни патишта да поминеме со нашето возило, а дополнително нашата работа ја отежнува и далечината на селата, па при пријава за некој голем пожар додека стигнеме веќе се е изгорено, единствено успеваме да спасиме пожарот да не се прошири, истакнаа од екипата на тетовската противпожарна единица.

-Можам да кажам дека најголем ако не е единствен причинител за појавувањето на пожарите е човекот и неговото неодговорно однесување. Ние евидентираме многу диви депонии низ земјоделските површини, и тука низ тие депонии има се и сешто, претежно градежен шут каде има и стакло, а стаклото на таква висока температура знае брзо да се запали и пожарот да пламне за кратко, затоа треба голема претпазливост и да покажем хуманост и култура, некој една година го чека родот и за кратко се му се пеплосува. Тука да додадам дека голем проблем ни прави и големата далечина каде се појавуваат пожарите во руралните средини, каде мора да интервенираме, затоа што овие општини немаат противпожарни друштва кои доколку би ги имале би била полесна работата и во тој случај земјоделците немаа да претрпат толку големи штети, истакна Ука Алити командир на Територијалната против пожарна единица Тетово.

Од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието, велат дека штетите се доста големи, ако се земе предвид и оштетувањето, односно губењето на плодноста на почвата.

-Ако се земем предвид дека е изгорена над 100 хектари земјоделска обработлива површина претежно засадена со пченица, а знаеме дека сега треба да се собере родот, тогаш станува збор за голема штета. Но тука штетата не завршува. Со пожарите односно пеплосувањето на нивите, а се случува се почесто се уништува плодноста, односно составот на земјата, имаме штетни, но имаме и корисни бактерии, односно микроорганизми кои многу значат за да имаме добра плодност но и ја штитат земјата од некои штетници, а тие со пожарот ги снемува и така почвата ем ги губи квалитет, ем останува незаштитена за наредната сезона, изјави Петре Петрески раководител на Агенцијата за поттик и развој на земјоделието подрачно одделение Тетово.

Од Агенцијата додадоа во овој период од годината кога имаме честа појава на пожари поради тропските температури како и неодговорното однесување на човекот потребно е земјоделците повеќе да ги контролираат своите ниви, ако има некои предмети кои се брзо запалливи веднаш да ги остранат, или пак ако забележат некои сомнителни лица кои се движат низ нивите, веднаш да ги пријават во полиција.

Апелираат земјоделците конечно да се откажат од старата навика и да престанат да палат стрништа, појава која исто така често предизвикува пожари. 

Зоран Димовски за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close