fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во Валандово започна исплатата на средства за надомест на штети од елементарни непогоди

Обештетување за -град – јуни 2020 година -слана – април 2021 година

Локалната самоуправа од Валандово започна со исплатата на средства за надомест на штети од елементарни непогоди за периодот 2020-21 година.

Средствата се обезбедени со одлука на Владата од  Буџет и тоа како надомест за претрпената штета на земјоделците од:

-град – јуни 2020 година
-слана – април 2021 година

Ќе бидат исплатени близу 37 милиони денари на 469 граѓани од општина Валандово, кои претрпеле штета од невремето во наведените два наврати.

Штетите се нанесени на земјоделски култури и на градежни објекти на физички и правни лица од општината.

Заеднички се справуваме со предизвиците, си помагаме и продолжуваме кон нови цели, објави на својот фејсбук-профил Перо Костадинов, градоначалникот на општина Валандово.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close