fbpx
Вести

Во Виничко површините под ориз замементи со пченка

pcenka

Во општина Виница пролетната сеидба ќе претрпи измени поради лошата хидролошка состојба на теренот и немањето доволни количини на вода акумулирани во акумулацијата Калиманци. Така од планираните 180 хектари под ориз во виничко, ќе бидат намале 100 хектари. За сметка на оризот, пченката се очекува пролетва да бидеа насеана на површина од 370 хектари.

Со ваква информација денес излезе Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Виница, според која пченката ќе го засени оризот, 100 хектари површини кои беа планирани за ориз ќе бидат заменети со крск култури. Виничките оризопроизводители ги преполовуваат оризните ниви, не по нивна волја, туку по налог на природните временски услови. Водостопанското претпријатие „Брегалница“ од Кочани минатата недела го објави сидбениот план согласно условите за наводнување.

Оризопроизводителите од Виничко вакви рестрикции не паметат во последните десетина години. Во Виница површините под ориз се движеа од 150-180 хектари, а сега се сведени на максимум 80 хектари.

Освен пченката, на полињата во виничко пченицата и јачменот ќе бидат засатпени со по 350 хектари, 35 хектари ќе бидат под тутун, 122 хектари со индустриска пиперка, а во пораст се површините под грав кој ќе се сади на 40 хектари.

Според најавите сеидбата на оризот во виничко ќе започне наредната недела со искористувањето и на проточните води од река Осојница.


 

а10н.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close