
Агро бизнисВестиТоп вести
Мечка нападнала жена во село Синичане
Жената е повредена и однесена на лекување во тетовската болница
Четириесет и едногодишна жена од тетовското село Синичане при општина Боговиње, вчера поладне била повредена од мечка. Случајот бил пријавен во СВР Тетово, а според информациите оттаму, вчера во Клиничката болница Тетово била донесена Е. Х. (41) од село Синичане.
Жената се здобила со повреди околу 16:30 часот додека се движела по шумски пат на место викано „Голем рид“ во атарот на село Синичане, кога била нападната од мечка.