fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во завршна фаза изградбата на скијачкиот центар во Михајлово

Општина Кавадарци наскоро ги очекува сите вљубеници на скијањето во скијачкиот центар во Михајлово

Општина Кавадарци наскоро ги очекува сите вљубеници на скијањето во скијачкиот центар во Михајлово, за заедно да го прослават почетокот на оваа зимска сезона. Оттаму информираат дека веќе се во завршна фаза активностите за изградба на скијачкиот центар.

Деновиве следува монтажа на геоплатното и церадата за акумулација на вода за вештачки снег, со капацитет од 3.200 кубни метри – истакна градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Овој скијачки центар ќе располага со ски лифт во должина од 370 метри и капацитет од 600 лица на 1 час. Потоа, ќе има и скијачки појас со капацитет од 800 лица, четири сезонски вртелешки, мобилна пумпа, црево со висок притисок, филтри, хидрант, снежни топови, како и заштитна мрежа.

Комплетната опрема е во фаза на изработка од страна на полска компанија, која се очекува доколку дозволат временските услови да се монтира на крајот на овој месец – информираше Јанчев.

Инвестицијата вредна околу 240 илјади евра е донација, додека градежните активности се донација, исто така, од општествено одговорна компанија, во висина од 50.000 евра.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close