fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Бактериолошки неисправна вода во неколку села во Кичевско

Од Центарот за јавно здравје Битола информираа дека бактериолошки е неисправна водата пиење од селските водоводи во Длапкин Дол, Долна Грешница, Горна Грешница и Лешница.

-Се информираат жителите на селата Длапкин Дол, Горна и Долна Грешница и Лешница, дека водата од селските водоводи во четирите населби бактериолошки е неисправна за пиење и истата може да се користи единствено после превривање на повисока температура. Се до добивање на нов наод кој ќе потврди дека водата повеќе не е бактериолошки неисправна, истата не ќе може да се користи за пиење и готвење во домаќинството, информираа од Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување од Кичево.

Имено, ова е еден од ретките случаи годинава да има неисправна вода од селските водоводи во кичевско, споредбено со претходните неколку години, кога во поголем број села и во повеќе наврати водата беше бактериолошки неисправна а често содржеше и други штетни супстанци, појаснуваат од ПО Кичево.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close