Водата за пиење е најскапа во Кочани, најeвтина во Маврови Анови
Меѓу најниските цени за вода за пиење плаќаат жителите на Желино, каде метар кубен вода чини 13,10 денари.
Жителите на Кочани плаќаат највисока тарифа за метар кубен вода за пиење и тоа 43,92 денари, а цената за водата минатата година се зголемила за 10,02 отсто во спореба со 2020 година.
Оваа е највисоката тарифа што ја применуваат давателите на водна услуга снабдување со вода за пиење на подрачја со над 10 илјади жители.
Во оваа категорија на водоснабдителни компании, меѓу повисоките цени за метар кубен вода плаќаат и жителите на Свети Николе, каде цената изнесува 38 денари за метар кубен и се зголемила за 8,5 проценти.
Жителите на Велес се исто така меѓу оние кои издвојуваат повисока сума за водоснабдување и тоа 32,99 денари за метар кубен.
Од друга страна, меѓу најниските цени за вода за пиење плаќаат жителите на Желино, каде метар кубен вода чини 13,10 денари.
Исто така меѓу жителите кои живеат во населено место со над 10 илјади жители, а плаќаат меѓу пониските цени се и жителите на Врапчиште каде водата чини 13,6 денари за метар кубен. Нешто повисока цена, но меѓу трите најевтини локации во земајва е и Дебар, каде цената на водата изнесува 15,03 денари за метар кубен.
Ова се податоци од извештајот на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги, каде се дадени цените за минатата и предминатата година и споредба каде колку се зголемиле или намалиле цените на водата за пиње.https://faktor.mk/najskapa-voda-za-pienje-vo-kochani-najevtina-vo-mavrovi-anovi