Вознемирувачки фотографии од обесено куче во Демир Капија
Фотографии кои се навистина вознемирувачки, а на кои се гледа куче обесено на дрво, објави денеска фејсбук страницата Шепасти ентузијасти.
Фотографии кои се навистина вознемирувачки, а на кои се гледа куче обесено на дрво, објави денеска фејсбук страницата Шепасти ентузијасти.
Станува збор за фотографија која е направена во Демир Капија, а таа навистина згрозува.
„Понекогаш не знаеме како да изреагираме на ваков случај! Штотуку овие слики ги добивме во порака од Демир Капија. Ова се случило денес, обесиле мало кутре, мало бебе, мало дете кутре. Толку невини суштества, толку чисти и полни со љубов вие сте решиле да ги убиете. Што може ова кутре да ви направи за да го заслужи ова?
Па дали сте вие нормални? Дали вие имате емпатија? Дали вие воопшто имате чувства, стои во постот.
Тие велат дека случајот ќе го пријават во Министерството за внатрешни работи и во АХВ.
Граѓаните не запираат со коментарите и осудата.https://faktor.mk/pozalno-nema-voznemiruvachki-fotografii-od-obeseno-kuche-vo-demir-kapija