fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Мицкоски-Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи владата, субвенциите ќе бидат најмалку 5% од буџетот

Тој истакна дека во Македонија треба да се зголеми вложувањето и инвестирањето во земјоделието затоа што државата е производител на навистина квалитетна храна и производи, како и производител на квалитетен тутун.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски од средбата со граѓаните во општина Прилеп изрази огромна поддршка за земјоделците, особено за тутунопроизводителите, при која прилика вети дека во првиот момент кога партијата ќе го преземе раководството на владата, земјоделските субвенции ќе изнесуваат 5% од државниот буџет.

Мицкоски, ова го истакна одговарајќи на новинарски прашања за став по однос на тоа што се уште не е исплатен петтиот пакет антикризни мерки, од кој што исплата на финансиски средства чекаат и тутунарите од прилепско, без кои средства може да се рачуна дека тутунопроизводителите годината ја обработиле на вересија.

Тој истакна дека во Македонија треба да се зголеми вложувањето и инвестирањето во земјоделието затоа што државата е производител на навистина квалитетна храна и производи, како и производител на квалитетен тутун.

-Ние како ВМРО-ДПМНЕ, се обврзуваме и тоа ќе го направиме веднаш кога ќе ја имаме можноста да ја водиме владата во Македонија, субвенциите за земјоделците, во кои што посебно место ќе имаат тутунопроизводителите, да изнесуваат 5% од буџетот и тие 5% практично, директно да ги вложиме во земјоделието, во храната, бидејќи Македонија е производител на навистина квалитетна храна, производител е на квалитетен тутун, овде регионот на Прилеп и прилепско. И ќе дадеме се од себе, преку методологија и механизми со кои што ги имаме предвидено во програмата „Обнова за Македонија“, да не ни се случуваат вакви работи какви што денеска се случуваат во Прилеп, односно како што се случуваше минатата година при откупот на тутунот на минатата сезона. Така што, мојата порака и до земјоделците и до тутунопроизводителите е да бидат спокојни, да не се обесхрабруваат, крајот доаѓа на овие криминалци и политички измамници. Најмалку пет проценти од државниот буџет директно ќе биде вложен во земјоделието, со посебен акцент на тутунопроизводителите, истакна Мицкоски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close