вестиМакедонијаТоп вести

Времето за органско производство е одамна дојдено

Еден од клучните предуслови за квалитетно и здраво земјоделско производство се и квалитетните незагадени обработливи површини, вели инженерот-агроном Горан Колев од сертификациското тело „Процерт“, изнесувајќи ги неговите видувања за органското производство.

Во време на изолација и ограничена комуникација во целост доаѓа до израз значењето на производството на храна. Новонастанатата состојба отвора можности да се размислува за се помала зависност од увоз на храна и инвестирање во сопствено и квалитетно земјоделско производство. Еден од клучните предуслови за квалитетно и здраво земјоделско производство се и квалитетните незагадени обработливи површини, вели инженерот-агроном Горан Колев од сертификациското тело „Процерт“, изнесувајќи ги неговите видувања за органското производство.

– За жал само една четвртина од вкупната површина во Македонија е обработливо земјиште од кое само 8 отсто е со висок квалитет. Кога имаме загадување на воздухот и водите, кое е видливо, многу почесто се алармира и се преземаат мерки, но загаденоста на почвите не е видлива и многу малку или воопшто не се води сметка за одржување на нејзиниот квалитет. Секаде каде што има површина која е подалеку од загадувачки индустриски капацитет (во Македонија има малку капацитети од таков вид), подалеку од депонии и френкфентни патишта може да се отпочне со квалитетно органско производство. Во секој случај најголем процент од постоечките производни површини можат да бидат конвертирани во органски. Доколку една површина не е третирана со конвенционални ѓубрива, пестициди и хербициди може да се вклучи во процес на сертификација. Првата година од почетокот на почитувањето на правилата производителот добива сертификат но површината е со статус во преод. За едногодишните култури преодот е две години а за повеќегодишните овоштарници и лозја, преодот е три години, така што по поминувањето на тој период површината добива органски статус и производите може да се декларираат како органски. Доколку постојат докази дека некоја површина е необработувана повеќе од три години уште првата сертификација добива органски статус. Јас повеќе се радувам кога конвенционална земја влегува во процс на конверзија, и тоа на некој начин претствува процес на оздравување и детоксикација, ако имаме на ум дека во органското производство почвата ја третираме како еден жив организам. На тој начин престанува труењето на почвата, преку неа и на подпочвените води, преку нив и реките и општо целиот еко систем се буди и почнува нов живот кој значи враќање на микроорганизмите во почвата, по нив ситните инсекти, па разни
ситни влекачи, цицачи, птици и се она што било избркано од дејноста на човекот – објаснува Колев.

Тој се осврна и за потребата на нов закон со кој во целост ќе се регулира третманот на почвите , нивното загадување, употребата на ѓубрива и заштитни средства, задолжително лабораториско испитубање и застапеноста на земјоделски култури на
сосодветни почви и региони.

– Се согласувам дека ни е потребен нов закон за почви но исто така сум и за реонизација, односно планско распоредување на културите согласно микролокацијата. На пример во тиквешијата има посадено лозја на места покрај реките каде што никогаш не се одгледувало, и таму се добиваат највисоки приноси, со насјлаб квалитет и со повеќекратно зголемени количества на употребени пестициди и вештачки ѓубрива, што на некој начин претставува еколошка катастрофа за разлика од повисоките места каде традиционално се одгледува винова лоза со ниски вложувања, а квалитетот е највисок. Би требало првите да се дестимулираат, а другите да се подржат – вели Колев.

Тој смета дека треба површините под органско производство во Македонија се мали.

– За жал времето е одамна дојдено, а веќе и има примери во Македонија каде потрошувачи очајни од здраствени причини бараат органска храна, доаѓаат на органски фарми да помогнат во процесот на производство и да си обезбедат сигурна храна за себе. Се уште кај нас површините под органско производство се многу мали. Според извештајот за минатата година, во „Процерт“ регистриравме органско производство на 956 хектари меѓутоа заедно со провршините во преод вкупната површина достигна до 2 515 хектари. Да напоменам дека тука не се земени во предвид површините од сертификациското тело „Балкан биосерт“ што е приближно уште толку. Значително зголемување на површините имаме кај гравот, грашокот, наутот, спанаќот и кај лозовите насади. Кај житните култури најмногу имаме органски јачмен, но радува податокот дека речиси двојно поголеми се површините кои се во преод и треба да
преминат во органски насади под житарици – подвлече Колев

Извор:Новамакедонија.ком.мк

Слични написи

Back to top button
Close