fbpx
Вести

Квасец бизнис: продажбата помала, но профитот расте!

pivski kvasec

Битолската фабрика за квасец и алкохол лани остварила добивка од 17,7 милиони денари (околу 300.000 евра) или за 100.000 евра повеќе од 2015 година,покажуваат официјалните податоци од билансите на оваа битолска компанија единствена по својата дејност во Република Македонија, објавени на интернет страницата на Македонската берза.

Продажбата помала, но профитот расте

Податоците од билансите покажуваат дека битолската Квасара лани, во услови на пониски приходи од продажба успеала да ја зголеми својата оперативна добивка, нето добивката, но и сеопфатната добивка. Приходите од продажба лани биле на ниво од 459,3 милиони денари односно за 23 милиони денари пониски од 2015 година. Лани оваа компанија бележи пад на приходите од продажба на квасец и чист алкохол за 5 отсто во однос на 2015 година. Но и покрај тоа заради намалувањето на приходите фирмата успеала во крајна линија да ја зголеми својата добивка во однос на профитот остварен во 2015 година.

Најзначајни намалувања се остварени кај ставката останати оперативни расходи и тие се донесени на ниво ов 106,9 милиони денари што е намалување на 25 милиони денари во однос на 2015 година. Не толку големо, но значајно, намалување има и кај расходите за потрошени материјали и ситен инвентар. Тие лани биле на ниво од 232,2 милиони денари што е за 6 милиони денари помалку од 2015 година. Оперативната добивка на компанијата лани е 21,9 милиони денари и е за 50.000 евра повисока од 2015 година. Нето добивката е на ниво од 16,4 милиони денари и е за 2,5 милиони денари повисока од 2015 година, а сеопфатната добивка е 17,7 милиони денари.

Кај билансот на состојба евидентно е дека компанијата ги намалила побарувањата од купувачи, но истовремено ја зголемила значајно и кредитната изложеност. Ланската година ја завршиле со 130,7 милиони денари побарувања од купувачи. Нивото на кредитно задолжување е зголемено за 56,2 милиони денари што е зголемување за повеќе од 100 отсто во однос на 2015 година кога немало кратокорочни кредити, а долгорочните биле на ниво од 48,8 милиони денари.

Акцијата на оваа компанија се тргува на подсегментот „Слободен пазар“ кој е дел од Редовниот пазар. Компанијата има издадено 12.500 акции, а во период од една година се истргувани 189 акции во ценовна маргина од 8.600 денари до 9.138 денари за акција. Во оваа компанија нема ниту еден акционер што поседува над 5 отсто од акциите. Во структурата има 277 домашни физички лица кои поседуваат 97,2 отсто од акциите со право на глас.


 

фактор.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close