fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Врнежите добредојдени за земјоделството

Временските услови се повеќе од посакувани за земјоделците, за почнување на подготовките на површините за претстојната есенска сеидба кои доцнат пред се поради недостигот на влага во почвата.

Влажниот бран што ја зафати земјава не е доволен за целосно решавање на проблемот со сушата, но е добредојден за земјоделството, велат агрометеоролозите од УХМР.

Според нив, временските услови се повеќе од посакувани за земјоделците, за почнување на подготовките на површините за претстојната есенска сеидба кои доцнат пред се поради недостигот на влага во почвата.

Изминатите денови најмногу наврна во Скопје, Прилеп и Гевгелија, околу или над 30 литри на метар квадратен, во Струмица, Берово и Битола под 20 литри, додека на останатите места под 10 литри. Најзагрижувачка е состојбата во Овче поле и Штип каде беа забележани најмалку врнежи, само четири литри на метар квадратен.

-Оваа недела, особено на почетокот, се очекува стабилизирање на времето со повремена облачност, но со пониски утрински температури, кои нема да бидат негативни, што ќе овозможи берба на касните сорти десертно грозје, жетва на пченка, жетва на сончоглед, берба на тутун, берби кај градинарски култури,… Во текот на втората половина од неделата повторно ќе има услови за повремени врнежи кои очекуваме дополнително да ја подобрат почвената влага, неопходна за есенската сеидба, а се очекува и покачување на утринските и на дневните температури кои треба да достигнат од 21 – 23 степени, истакнуваат агрометеоролозите.

Се додека условите дозволуваат, а тоа се температури околу  20 степени и повисоки, препораката за пчеларите останува иста – да вршат поинтензивна прихрана со течна храна со цел  припрема на семејствата за зазимување.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close