fbpx
Вести

Растителното производство бележи раст од 1.8%

Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-додадената вредност во земјоделството во 2014 година изнесува 50 610 милиони денари и во однос на 2013 година бележи номинален раст од 1.9%. Раст е забележан и кај земјоделската „деловна гранка“ од 1.2% во однос на 2013 година.

rastitelnoto proizvodstvo belezhi rast od 1,8 procenti

 

 

Растителното производство во 2014 година (кое во вкупното производство учествува со 69.5%) бележи раст од 1.8% во однос на 2013 година. Вредноста на добиточното производство (кое во вкупното производство учествува со 21.4%) опадна за 0.5% во однос на 2013 година.

Меѓуфазната потрошувачка, во 2014 година, бележи пораст од 0.2% во однос на 2013 година.

Номиналниот и реалниот доход во земјоделството од производните фактори, по работна единица, во 2014 година бележат пад и тоа: 3.1% кај номиналниот и 0.1% кај реалниот доход од производните фактори.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close