fbpx
ВестиТоп вести

Постапката за доделување концесија на дивечот во 10 ловишта во државата започна

Владата на Република Македонија на 22.08.  ја одржи својата редовна 84 седница со повеќе точки на дневен ред од интерес на Република Македонија и од интерес на граѓаните.

На оваа своја седница Владата на РМ  ја разгледа и се произнесе по Информацијата за имплементацијата и состојбата на проектот “Рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII фаза 1 делница Куманово – Бељаковце“, која ќе ја презентира Јавното Претпријатие Македонски Железници Инфраструктура.

На вчерашната седница министрите во владата ја разгледаа и Информацијата за потребата од склучување на Договор за грант меѓу Република Македонија и Соединетите американски држави – САД за развојната цел: „Република Македонија како просперитетно, самоодржливо и инклузивно демократско општество“.

На предлог на Министерство за надворешни работи, на оваа седница на Владата на РМ се најде и Информацијата за потпишување Договор меѓу Генералниот секретар на Обединетите нации и Владата на Република Македонија: Обврска да се елиминира сексуалната експлоатација и злоупотреба, а Министерството за внатрешни работи го претстави извештајот за извршените преговори со усогласен текст на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за реципрочно признавање на возачки дозволи.

Министерството за одбрана за оваа владина седница предлага да бидат разгледани и усвоени две Предлог-одлуки за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Организацијата на Обединетите Нации „УНИФИЛ“, во Република Либан, како и за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“, во Исламската Република Авганистан.

Во делот на точките за информирање на оваа седница, Владата на РМ ги разгледа и информациите за задолжување на Јавно сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ – Скопје, со државна гаранција кон меѓународна кредитна институција, за Проектот Набавка на КПГ автобуси, како и Информацијата за акцискиот план за вработување млади лица, 2016 – 2020, што доаѓа како предлог на Државниот завод за статистика.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close