Врнежливото време ја запре жетвата во Пелагонија во самиот финиш
На самиот финиш дождот ги запре комбајните во жетвата на лебното жито. Остануваат уште 6,5% од засеаните површини кои ќе се ожнеат штом се подобрат временските услови.
На само неколку дена од крајот на жетвата во Пелагонија врнежливото време ја сопре. Според податоците од ПЕ на МЗШВ во Битола останати се 600 ха жетвена површина со пченица.
До сега реализирани се 93,47% од планираната жетва. Од вкупно 9200 ха засеани со пченица до сега се ожнеани 8600 ха од кои 4 400 се земјоделски претпријатија а 4200 се на индивидуални земјоделци. На овие површини досега се ожнеани вкупно 39 180 тони пченица, 21 120 тони во земјоделските претпријатија и 18 060 кај индивидуалните земјоделци. Просечните приноси изнесуваат 4 550 кг/ха.
Жетвата на јачменот и ‘ржта одамна е завршена. Од вкупно 3 900 ха засеани со јачмен ожнеани се вкупно 14 070 тони јачмен со просечни приноси од 3650 т/ха. ‘Ржта од вкупно 10 ха ожнеани се 30 тони или во просек 3000кг/ха.
Со жетвата ќе се продолжи кога ќе дозволат временските услови.
П.Ј.