Утре во Преспа – Поддршка за развој на Преспанскиот регион преку програмата „ЕУ4Преспа“
Преспанскиот регион за обновување на природните ресурси, за одржливо земјоделство и туризам и подобрување на инфраструктурата.
Во петок, 12 јули 2024 година, амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на Европската унија и Армен Григорјан, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации ќе ги промовираат можностите финансирани од ЕУ понудени на Преспанскиот регион за обновување на природните ресурси, за одржливо земјоделство и туризам и подобрување на инфраструктурата. На промотивните настани, чиј домаќин ќе биде градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски, ќе учествуваат Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, министерот за европски прашања Орхан Муртезани и министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
Медиумите се поканети да ги проследат обраќањата на амбасадорот Гир, постојаниот претставник Григорјан, вицепремиерот Меџити, министерот Трипуновски и градоначалникот Тозиевски во 11:00 часот во општина Ресен.
По обраќањата, ќе се посети семејниот овоштарник „Духот на Преспа“ во Царев Двор за да се прикажат потенцијалот, предизвиците и решенијата за агро-туризмот во Преспанскиот регион. Потоа ќе се посети граничниот премин „Маркова нова“ помеѓу Долно Дупени [МК] и Лаимос [ГР].
Амбасадорот Гир попладне во Претор ќе го отвори „Форумот за развој на Преспа“ во присуство на вицепремиерот и министрите, локалните чинители и градоначалниците од трите земји на крајбрежјето на Преспанското Езеро: Ресен [МК], Лаимос [ГР] и Пустец [АЛ].
Програмата „ЕУ4Преспа“ е во вредност од 21,5 милиони евра, од кои 18 милиони евра, односно 84 отсто се обезбедени од Европската Унија. Целите на програмата се повеќекратно меѓусебно поврзани: 1. Поддршка на локалните земјоделци и туристички провајдери за ‘зазеленување’ на нивните бизниси и создавање зелени работни места; 2.Инвестиции за намалување на загадувањето во Преспанскио регион (за собирање и третман на отпадни води и управување со цврст отпад); 3. Подобрување на прекуграничната мобилност; 4. Поддршка за локални невладини организации, паркови и институции за заштита и валоризација на природното и културното наследство; 5. Консолидација на прекуграничниот парк Преспа.
Преспанскиот регион веќе е корисник на програмата „ЕУ4Преспа“ преку 4 грантови доделени на локални граѓански организации и 2 договори за придонес потпишани со УНДП. Дополнително, 7,7 милиони евра финансиски средства од ЕУ во рамките на програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Северна Македонија се на располагање за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“