fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Променливо облачно со пороен дожд попладне

Максималната температура ќе се движи во интервал од 23 до 30 степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се движи во интервал од 23 до 30 степени.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи. Максималната температура ќе достигне до 28 степени.

Во наредните демови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Температурата во следните денови нема значително да се менува.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close