fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

За чудење е колку тежи реколтата на тутун годинава во Македонија

До овој момент откупени се околу 23,5 милиони килограми, а до крајот на откупниот рок 28 февруари оваа бројка може да стигне близу 24 милиони килограми

„Таа бројка е реална, заведена е во системот. Има повеќе причини за тоа, иако ние очекувавме околу, максимум, 21 000 тони. Прво, се продолжи вегетацијата есента со дождовите, има влажност на тутунот при откуп и нема одбитоци при откупот. Ваквите бројки за новата реколта тутун се оптимистички. Со просечна цена близу 400 денари и поголеми количества, создаваат надеж за добра нова производствена година“, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија.

Сојузот нема сознанија за некој увоз на тутун, но има за тоа што дел компании го враќаат откупеното.

„До нас нема стигнато сознание дека има увоз на тутун. Минатите години имаше, но сега немаме такви сознанија. Што се однесува дека некои откупни компании им го враќаат откупениот тутун на производителите, тие сознанија стигнаа до нас, но не знаеме зошто е тоа така. Откупувачите, законски, не смеаат да го вратат тутунот“, истакна Ристески.

Тој рече дека министерот за земјоделство формирал тело за новата производствена година.

„Телото го формираше министерот за земјоделство. Во него членуваат претставници од Сојузот и од откупувачите за да се усогласат ставовите за новата производствена година која е на прагот“, вели претседателот на Сојузот на тутунските здруженија.

Откупот на тутунот законски завршува на 28 февруари. Дотогаш компаниите не смеат целосно да ги затворат откупните пунктови. Сега работат редуцирано, со 30 насто од пунктовите за откуп на тутун.

Во четврток ќе има состанот помеѓу откупувачите, министерството и тутунарите, на кој ќе се разгледуваат сите овие отворени прашања, како и налинот на откуп и цените за идната реколта

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close