Научно е докажано дека врвните вина имаат висока антиоксидантна активност. Некои од нив имаат рекордно високи концентрации на органски соединенија кои имаат благородно дејство врз здравјето на луѓето. Винарската визба „Тиквеш“ постојано вложува во технологија и знаење за производство на вакви вина.
Науката веќе докажа дека умерената консумација на вино го штити здравјето и го продолжува животниот век на луѓето.
Една до две чаши квалитетно вино на ден штити од болести на срцето и крвните садови, делува превентивно на појавата на дијабетес и остеопороза, а истовремено го намалува стресот и ризикот од појава на деменција и Алцхајмерова болест, како и појавата и растот на малигните клетки, покажуваат најновите научни истражувања. „Виновници“ за ваквите ефекти се големиот број биоактивни органски соединенија наречени полифеноли, кои во природата се присутни во овошјето, но и во виното – што го прави особено благороден пијалак.
Но, не секое вино подеднакво содржи состојки кои имаат благотворно дејство врз здравјето.
Покрај поволните климатски услови и карактеристиките на почвата кои овозможуваат висока концентрација на антиоксиданси, минерали и витамини во грозјето, врз содржината на благотворните состојки во виното влијаат и начинот на огледување на грозјето, технологиите на производство и секако условите за одлежување и складирање на виното.
Според познавачите на винската индустрија, „тајната“ на успехот во производство на вина кои содржат високи концентрации на полезни биоактивни материи се интензивните и континуирани инвестиции во најсовремена технологија која, на наједноставен начин кажано, ќе им овозможи на производителите на вино „да ги пренесат“ полезните состојки од грозјето во виното.
Одличен пример за ваков вид инвестиции во земјава е винарската визба „Тиквеш“ која во изминатите десетина години вложи близу 35 милиони евра во најразновидна современа опрема и технологии кои меѓудругото овозможуваат зачувување на корисните состојки во виното.
На пример, вложувањата во линии за миковинификација, на „Тиквеш“ му овозможи производство на врвни вина од грозје кое потекнува од строго контролирани парцели и селекција на најквалитетните зрна.
Понатаму, преработката со т.н. „хипередуктивно“ пресување (без присуство на кислород), како и 100% контролирана ферментација на грозјето овозможуваат зачувување на антиоксидансите во виното.
Континуираните вложувања во најсовремени танкови за контролирана ферментација, во квалитетни буриња за одлежување на виното, како и во линии за полнење на виното во инертни услови и лабораториска опрема која овозможува следливост и контрола во сите фази од производството, се дополнителна гаранција дека она што во избилство го дала природата во тиквешијата, совршено и целосно се преточува во врвни црвени, бели и розе вина кои не само што се со врвен квалитет, туку имаат и докажано благотворно дејство врз здравјето и животот на луѓето.