За едно понудено работно место има до 47 невработени лица
Разликите меѓу општините се евидентни. Така, за едно понудено работно место има дури до 47 невработени лица како што се случајот во Тетово, а во Куманово речиси 12 невработени лица.
На пазарот на труд има недостиг на квалификувана работна сила, драстично поголема понуда од побарувачката за одредени занимања и дефицит на работна сила со средни вештини, покажува истражувањето на Меѓународната организација на трудот и „Finance Think“ спроведено во девет општини во земјава и тоа во Битола, Кичево, Куманово, Ресен, Свети Николе, Струга, Струмица, Тетово и Штип.
Разликите меѓу општините се евидентни. Така, за едно понудено работно место има дури до 47 невработени лица како што се случајот во Тетово, а во Куманово речиси 12 невработени лица. Во останатите општини кои се предмет на истражувањето, тој број е значително помал.
– Од аспект на занимање, суфицитарните јазови на поголема понуда од побарувачка за работна сила се појавуваат кај занимањата со високи вештини, особено изразени кај правните и општествените струки, и во областа на образование и култура. Но, исто така, и кај лицата без занимање со основно образование и оние со гимназиско средно образование. Додека, кај занимањата со средни и ниски вештини доминираат дефицитарни јазови, со недостиг од работници со средно образование, за различни занимања. Иако, во споредба со високите вештини, кај средните и ниските вештини, јазови од според образование се позастапени. Тоа упатува дека занимањата се соодветни, но потребна е докфалификација, наведуваат од „Finance Think“.
Истражувањето покажува дека и обуките понудени од образовниот систем не соодвествуваат со потребите на компаниите. Како што се оценува во истражувањето, иницијативите за поврзување на стручните училишта и бизнис секторот и интензивирањето на инвестициите во средните стручни училишта се во насока за ублажување на овој проблем, но, на среден рок, потребно е преосмислување на програмите и на вештините што ги нуди стекнатата диплома во согласност со потребите на пазарот на труд.
Се препорачуваат и мерки што ќе ја подобрат квалификацијата, преку доквалификација и преквалификација на невработените лица без занимање и гимназиско образование.
Дијагностиките на локалните пазари на трудот се изработени за потребите на локалните економско-социјални совети, со цел да понудат подобри и поинформирани препораки при дефинирањето на политиките и плановите за образовните приоритети и за пазарот на трудот на локално ниво.https://nezavisen.mk/za-edno-ponudeno-rabotno-mesto-ima-do-47-nevraboteni-lica/