fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Кај младите нема интерес за земјоделие

ВИДЕО-Наместо на нивите голем број од  младите се почесто својата иднина ја гледаат надвор од државата или во некоја друга област.

Бројот на млади земјоделци се намалува. Наместо на нивите голем број од  младите се почесто својата иднина ја гледаат надвор од државата или во некоја друга област. Од Сојузот синдикати на земјоделски производители од струмичкиот регион велат дека овој тренд кој трае повеќе  години во комбинација со  нестабилните цени и откуп може сериозно да придонесат за намалување на земјоделското производство. Од таму додаваат дека поради покачувањето на старосната граница кај земјоделските производители голем број од површините остануваат и необработени.

Според претседателот на сојузот и синдикат, за надминување на ваквата состојба неопходна сериозна државна стратегија во која ќе бидат вклучени сите релевантни фактори, од самите производители па се до науката.

Според Велков,  во намалувањето на производството голем удел имаат и климатските промени. Нивното негативно влијание  на дело се покажало  оваа сезона кога високите тропски температури речиси го преполовија родот, а сериозно се одразија и на квалитетот и токму затоа смета дека  освен на мотивацијата на младите сериозно треба да се работи и на оваа тема.https://sitel.com.mk/kaj-mladite-nema-interes-za-zemjodelie

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close