fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

За овчар, плочкар и бојаџија плата од 1500 евра месечно

Колку се заработува од занает во Македонија?

Со развојот на компјутерската технологија, физичката работа се заборави. Поради недостаток на кадри, одредени занаети станаа меѓу најплатените професии.

”По вчерашната објава за тоа дека „Од работа нема срамота“ многумина пишаа дека се заработува убаво со учење занает или физичка работа. Па, така решивме да ве прашаме вам колку се заработува од занает, а ова се дел од одговорите кои ни ги пишавте”, кажа Никола.

Плочкар – плата 90.000 денари
Овчар – плата 90.000 денари
Молер – плата 90.000 денари
Бербер – плата 75.000 денари
Правење нокти – плата 60.000 денари
Местење прозори – плата 60.000 денари
Механичар – плата 60.000 денари
Бравар – плата 60.000 денари
Чевлар – плата 60.000 денари
Електричар – плата 60.000 денари
Пица (бурек) мајстор – плата 60.000 денари
Заварувач – плата 45.000 денари
Столарија – плата 40.000-60.000 денари
Местење клими 40.000-60.000 денари
Гипсар – плата 40.000-60.000 денари

”Напомена: Овие суми варираат дали си нов или пак искусен мајстор, дали си осигуран или не си, дали имаш своја фирма, работиш за друг или пак работиш на црно. Во секој случај заработките се високи и далеку над просечната плата. Секако, овие професии многу се платени во странство, но и овде не е за потценување. Откако многу голем дел од стручните работници отидоа во странство оние кои останаа овде ги качија цените.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close