fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

За пет дена завршува рокот за поднесување на барања за субвенции за Програмата за директни плаќања 2020 година

До крајот на оваа недела, односно заклучно со петок (31.07.2020), трае рокот за поднесување на барања за субвенции за Програмата за директни плаќања 2020 година. Во овој период се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади. Исто така до крај на месецот барање за добивање на финансиска поддршка може да достават и сите кои се занимаваат со сточарско производство, односно, одгледуваат говеда, овци, кози, пчели свињи а може да се аплицира и за финансиска поддршка за заклани животни во кланица.

Барањата за добивање на финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот на веб страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk.

Оние земјоделци кои не можат електронски да поднесат барања или имаат потреба од помош при пополнување на електронските барања, можат да се обратат во  Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во целата држава,  кои им стојат на располагање за се што ги интересира во врска со поднесувањето на барањата. На веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се објавени телефонските броеви на раководителите на сите Подрачни единици на МЗШВ, со цел земјоделците да имаат можност и телефонски да побраат помош.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close