вести

Започна аплицирањето за субвенциите за 2018 година, рокот за поднесување апликации е до 15-ти мај

(Oвој напис е објавен на: март 27, 2018)

subvencii

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за 2018 година е започнат и ќе трае до 15 мај.

„Во овој период ќе се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, живина и за заклани животни во кланици“, изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Доколку барателите имаат потреба за помош при создавање на електронското барање, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Агенцијата на својата веб страна www.ipardpa.gov.mk ги објави упатствата за корисници, телефонските броеви и електронската адреса каде што ќе може да се поставуваат прашања во врска со поднесување на барањата.

Барањата за мерките од растителното производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Системот за идентификација на земјишни парцели со состојба на 15 март 2018 година.

Барањата за мерките од сточарското производство за говеда, овци, кози и пчели се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни со состојба на денот на поднесување на барањето. Затоа ги потсетуваме одгледувачите пред поднесување на барањето задолжително да ја проверат и по потреба ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.

„Затоа ги потсетуваме одгледувачите пред поднесување на барањето задолжително да ја проверат и по потреба ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор. Апелираме до земјоделските стопанства доколку има било какви промени настанати во меѓувреме, во периодот од 15 мај до 15 јуни, во тие дополнителни законски 30 дена, да се обратат до подрачните единици на МЗШВ и да можат да ги внесат корекциите“, рече Бабовски.

При тоа Бабовски нагласи дека на земјоделците во програмата за 2018 година на располагање им се 6 милијарди и 210 милиони денари кои се наменети за директни плаќања. Според податоците за досегашните исплати, Бабовски посочи дека повеќе од 78 милиони евра се исплатени од Програмата за финансиска поддршка во земјоделство, а повеќе од половина од Програмата за 2017 е реализирана.


 

ипортал.мк

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close