За поголеми приноси не смее да се штеди на агрохемиска анализа на почва

 

 

Во услови кога се повеќе се чувствуваат климатските промени , квалитетот на почвата е еден од главните сегменти за добивање на добра принос. Со добро познавање на почвата може да се направи правилен избор на култури како и да се  применат соодветни агротехнички и други мерки со што же се постигнат подобри резултати.

 

Современото земјоделско производство не може да се замисли без анализа на почва, напротив анализите се нужни доколку се сака да се постигне пласман не само на домашни туку и на странски пазари.

Се наоѓаме во период од годината кога треба да се направи агрохемиска анализа , укажуваат стручните лица, а тоа го потврдуваат  и лицата што ги извршуваат тие анализи.

„Агрохемиската анализа на почвата се прави со цел одредување на моменталниот квалитет на почвата за понатаму да се одреди потребата од хранливи елементи за производство на однапред определено растение, како и избор на соодветни органски и минерални ѓубрива. Од добиените податоци, може правилно да се димензионира ѓубрењето со што би се зголемил приносот и квалитетот, како и би се намалиле трошоците на производство“ вели за Зелена берза Славица Милошевска, маркетинг менаџер во лабораторијата Проанализ Струмица.

Токму заради ова анализата на почва не смее да се занемари  и треба да се практикува во текот на летото по жетвата на есенските култури или пак на есен по бербата на пролетните култури. Кај овошките и виновите лози оваа анализа се прави после бербата односно пред основната обработка на почвата.

 

 

 

Анализата на почпва ја прават стручни лица по посебни протоколи

Анализата на почва го опфаќа следното:

* Микро и Макро елементи

* Определување на карбонати во почва

* Детерминација на органски материи

* Сатурација на почва

* Електрична спроводливост (ЕС) на почва

* Определување на рН на почва

* Вкупна сол во почва

* Фосфор во почва

* Определување на макроелементи Ca, Mg, K во почва

* Екстракција и одредување на елементи Fe, Mn, Zn, Cu

Агрохемиската анализа не може да ја прави секој и за таа цел постојат одредени протоколи по кои треба да се придржуваат лицата штоја прават, од земањето на самите почвени мостри па до самата лабораториска анализа.

„Почвата се зема од 15-25 места (поединечни проби) во цик-цак облик (за површина од 10 ha) и се собира во 1 или 2 кофи .

 

Поединечните проби се земаат со сонда или ашов од длабочина 0-30cm на парцели кои се користат за поледелски и градинарски култури, односно длабочина од 0-30 и 30-60cm на парцели на кои веќе е подигнат овошен насад или винова лоза.

 

По земањето на последната поединечна проба, почвата во кофата се меша, ситни и се одстрануваат покрупните грутки, камења и растителни делови. Од истата кофа во кеса се зема околу 0,5-1kg почва која се транспортира до нашата лабораторија“, објаснуваат од Проанализ, лабораторија  која е акредитирана за анализа на храна, вода и почва  од страна на Македонското тело за акредитација (ИАРАМ) под ISO 17025 лабораторсика акредитација.

Земјоделците стануваат свесни за потребата на анализа на почвата

 

Искуството во оваа лабораторија  покажува дека земјоделците почнуваат да ги менуваат своите навики и во рамки на своите инвестиции се наоѓа и дел за анализа на почва.

Александар Ѓоргиовски од фирмата Еко Прех Битола го потврдува  ова. Располага со овошен насад од вишни  на 12 ха од кои 3ха се на род. За Зелена берза вели дека со помош на советите што ги добил од лабораторијата Проанализ Струмица, по извршените анализи на почвата, оваа година добил род од 16 тони вишни по ха.

„Имаме прваено анализи во повеќе лаборатории но анализата во Проанализ беше најкомплетна. По анализата на почвените  мостри видовме што недостига и што треба да се додај во почвата за да го зголемам приносот. Со помош на препораките успеав да го зголемам приносот, а со тоа и да ги намалам трошоците“, појаснува Ѓоргиовски.

Од досегашното искуство во определени локалитети како што е гевгелискиот според Ph вредноста на почвениот раствор резултираа со слаба базична Ph вредност, во други како валандовскиот и кавадаречкиот локалитет добивме резултат на неутрална Ph вредност. Исто така кај наведените региони се резултира и со зголемено количество на фосфор.

 

 Неконтролираната употреба на ѓубрива ја загадува почвата и  негативно се одразува врз приносите

Што се однесува до употребата на ѓубривата во земјоделството, треба да се нагласи дека за да ѓубривото врши деградација на почвата, тоа  треба да биде користено во претерано големи количества и што е многу важно, неговите составни растворливи делови да ја зголемат концентрацијата на почвениот раствор. Нитратите се главни контаминанти меѓу минералните ѓубрива.

Пестицидите се минерални, органоминерални и органски хемиски соединенија кои се применуваат во земјоделството за уништување на штетни организми (плевели, инсекти, габи, бактерии и др.) Главни недостатоци на пестицидите се продолжителна перзистентност на некои во компонентите на биосферата, можат да уништат или оштетат и корисни организми, да мигрираат надвор од агроекосистемот. Особено се опасни тие кои не се разградуваат и се акумулираат во почвата.

Проанализ Струмица им  препорачува на земјоделците да бидат внимателни при користењето на ѓубривата. Лабораторијата располага со Глобал Гап сертификат без кој ниту еден производ не може да се најде на странските пазари. Сертификатот претставува систем за добра земјоделска пракса која се однесува на контролирана употреба на ѓубрива, пестициди, хербициди, контрола на токсични биолошки агенси, со еден збор се гарантира безбедност на човечкото здравје.

Стручниот тим од оваа лабораторија ги охрабрува  да вршат агрохемиска анализа на почвата, да користат квалитетни проверени  ѓубрива, и секако  им стојат на располагање на земјоделците  за секаков стручен совет.

Павлина Јовановска

Зелена берза

Share Button