fbpx
Вести

За прв пат пари од ИПА за шумите, еве за што ќе се трошат 15 милиони евра

За финансирање на земјоделството во Македонија преку Инструментот за претпристапна помош на Европската унија ИПА 2019 ќе добие 15 милиони евра.

За прв пат финансиска поддршка од ИПА 2019 ќе добие секторот шумарство во насока на воспоставување на шумарски информативен систем кој ќе биде важна компонента за одржливо стопанисување со шумите, за креирање на политиките за приближување на македонското шумарство кон современите текови и обезбедување на податоци кои се важни за развојот на овој сектор.

Продолжува поддршката за инвестиции во мали системи за наводнување со околу дополнителни 3,5 милиони евра. Преку ИПА 2013 во тек е изработка на 8 физибилити студии од кои три ќе бидат финансирани преку ИПА 2015 за кои се обезбедени 3 милиони евра со кои до септември ќе се подготват три физибилити студии за мали системи за наводнување по што ќе започне процедурата за изградба.

Исто така со ИПА 2019 е предвидено финансирање на процесот на  консолидација на земјоделското земјиште, за што се планирани околу 500 илјади евра.

Со  ИПА 2019 продолжува финансиската поддршка за земјоделските задруги, како еден од моделите за окрупнување на македонското земјоделство и приближување до европските стандарди.

Со цел навремено информирање на земјоделците и давање на совети кои им се потребни, со расположливите средства од ИПА 2019 ќе се поддржат советодавните услужни дејности,  во насока на создавање на европски модел за советодавни услуги за земјоделците.

Со проектираната сума од ИПА 2019, предвидена е финансиска поддршка за воспоставување на систем за нус производи од животинско потекло, што е важно за контрола на болестите на животните.

Со околу 1,5 милиони евра ќе се финансираат фитополитиките во насока на подобра поврзаност со сите други системи во секорот земјоделство, како и за модернизирање на ГЕМ-банката за автохтони сорти во Република Македонија.

Од Делегацијата на Европската унија посочија дека се залагаат за финансирање на проекти во помалку развиените региони како југозападниот регион, североисточниот и полошкиот регион. На состанокот се разгледаа и тековните проекти финансирани од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ.


 

фактор.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close