fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

За сточарите интервентна субвенција од 400 денари по грло за предадено јагне во регистрирани кланични капаците, потврди Ковачевски

Интервентна субвенција од 1.500 денари по грло за гоеници со тежина над 90 килограми, а се воведува и нова интервентна субвенција од 60 денари за производство конзумни јајца.

Во делот на сточарството, премиерот Димитар Ковачевски вчера во Собрание рече дека е обезбедена интервентна субвенција од 400 денари по грло за предадено јагне во регистрирани кланични капацитет и интервентна субвенција од 1.500 денари по грло за гоеници со тежина над 90 килограми, а се воведува и нова интервентна субвенција од 60 денари за производство конзумни јајца. Националниот план за производство на храна, како што објасни премиерот, содржи и зголемување на површините за производство на стратешки култури.

– За таа цел секоја педа обработливо земјиште ќе ја ставиме во функција на земјоделско производство на стратешки култури и за тоа во тек е наменски јавен оглас за доделување на скоро 6.000 хектари за зголемување на производството на житни култури – додаде премиерот Ковачевски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close