За субвенции аплицирале 55 млекопроизводители од Дебар и Центар Жупа
Шеесеттина млекопроиводители од општините Дебар и Центар Жупа аплицирале за субвениции. Финасиската подршка се однесува за произведено и предадено кравјо и овчо млеко во периодот јануари-април годинава.
– Финансиска подршка за предадено млеко во преработувачки капацитети доставија 55 млекопроизводители, што е за 20 повеќе споредено со претходниот период. За периодот за кој ќе бидат исплатени субвенцииите имаат предадено над 100 тони кравјо и овчо млеко, од кое околу 70 отсто е кравјо. Субвеницирањето е 3,5 денари за литар, изјави Арбен Муладаути овластен раководител на ПЕ на МЗШВ во Дебар, која со својата активност ја покрива и соседната општина,Центар Жупа.
Зголемениот број кооперанти а со тоа и предаденото млеко е резултат на функционирањето на млекарницата „Кораб милк“ во Дебар, која освен кравјо преработува и овчо млеко.
Домаќинствата во општините Дебар и Центар Жупа располагаат со 1.300 грла молзни крави, но сите сопственици не се пријавуваат за субвенции. Повеќето од нив располагаат со помал број грла крави па млекото го продаваат индивидуално.
Сточарите пак располагаат со над 40 илјади грла овци, но повеќето од нив произведуваат бело сирење на традиционален начин,кое е доста барано на пазарот. Стадата овци сега се на бачилата на Стогово,Голема и Мала Мегданица.