fbpx
Вести

Забрзување на откупот на тутун – по празниците

Напоредно со континуираниот откуп на тутунот од годинашнава реколта кој досега, во изминативе дваесетина дена се одвива без застој, деветте откупни компании, согласно договорите со кооперантите, ја вршат и исплатата за преземените количини, во временски интервал од 3 до 30 дена од преземањето.

 

Во пелагонискиот регион, кој учествува со над 60 проценти од вкупното производство на тутун во земјава, се очекуваат да бидат откупени околу 15 илјади тони тутун.

Имајќи го предвид годинашниот квалитет на родот, предвидувањата се дека дури 85 проценти ќе бидат наменети за извоз, што пак од своја страна ги охрабрува тутунарите во надежите дека просечната откупна цена ќе оди и над сегашните 185 денари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close