fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Со дијаметер над еден метар свртен мазник со паричка во битолско Буково

И покрај температурите под нулата, василичарската буковска трпеза се одржа под отворено небо.

Пречник над еден метар имаше мазникот со паричка што за празникот Василица го свртија жителите на битолското село Буково. И покрај температурите под нулата, василичарската буковска трпеза се одржа под отворено небо. Беше пребогата подготвена од вредните раце на буковските домаќинки – oд питулици, палачнки, мекици, зелници, баклави, равании, торти, колачи, гибаници… Се испече цела фурна леб со дваесетина векни, а по старата традиција веднаш по лебот се ставија пиперки да се печат и на местото каде се одржуваше прославата жителка од Буково толчеше пресна пипер. Буковската пипер како зачин е надалеку позната и е бренд на селото.

„Сето ова за гостите беше бесплатно. Донираше секој колку сака, а тие пари нема да бидат за настанот и организаторите, туку ќе останат да се користат за потребите на Буково“, рече Горан Кабровски, претседател на месната заедница во Буково. Повеќе на https://sdk.mk/index.php/magazin/so-dijameter-nad-eden-metar-svrten-maznik-so-parichka-vo-bitolsko-bukovo/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close