fbpx
Вести

Задругарството им ги намалува трошоците на земјоделците

 

zadrugarstvoto im gi namaluva troshocite na zemjodelcite

Во Македонија, годинава, земјоделците формирале 10 нови задруги, а главната цел им била окрупнување на парцелите

Поголема конкурентност, пониски трошоци на производството, отворање на нови пазари и заедничко инвестирање во механизација, се предностите кои ги нуди здружувањето во земјоделските задруги. Во Македонија, годинава, производители формирале 10 нови здруженија, а главната цел им била окрупнување на парцелите и профитабилно производство. Една од најголемите придобивки на задругарството е размената на идеи и знаења меѓу земјоделците. Едукацијата, употребата на модерните технологии во производството на храна и користењето на искуства од развиените земји е клучно за обезбедување поголема конкурентност на нашите производи, особено оние што се наменети за извоз.

Од Федерацијата на фармери велат дека окрупнувањето на производството носи поголеми приноси, а воедно ги намалува трошоците што ги имаат земјоделците.

“Во Македонија најголем проблем е непостоењето на вистински менаџери во задругите. Земјоделците имаат законски бариери во делот на оданочувањето, заради големиот број недостоци во правната инфраструктура. Проблемот со малиот број на членови во задругата тешко се надминува бидејќи доколку новите членови се невработени, тие во Македонија автоматски се бришат од регистарот на невработени, велат во Федерацијата.

Тие неодамна го презентираа слаткото од органски морков, произведено од земјоделската задруга “Еко Илинден”. Нејзините членови се производители на органски зеленчук и овошје, а производството го планираат со посебен софтвер, кој, како директна помош за задругите, го обезбедуваат државните институции.

Според Сузана Димитриевска, управител на “Еко Илинден”, целта на задругата е зголемување на производството и сертифицирање на органските производи.

“Земјоделците мора да се здружуваат и заеднички да инвестираат во своите бизнис идеи, за да ја зголемат цената на својот производ, а и за да најдат нови пазари”, вели Димитриевска.

Консолидацијата на земјоделските задруги е проект за кој Министерството за земјоделство има обезбедено 5 милиони евра преку ИПА 2 програмата. Според министерот Михаил Цветков, од идната година ќе започне да се спроведуваат активностите, кои се планирани да завршат во две фази до 2020 година.

“Ангажиравме консултанти од Италија кои летово ги скенираа постоечките задруги и се запознаа со важечката регулатива која го уредува ова прашање. Очекуваме до крајот на годината од консултантите да добиеме предлог мерки од каде треба да започнат реформите во земјоделските задруги. Исто така очекуваме предлози и ревидирање на законот за земјоделски задруги со цел тој да се приближи до европската регулатива”, вели Цветков.

Во периодот од 2017 до 2018 година ќе се работи на конкретни активности кои ќе ги предложат консултантите во врска со подобрувањето на работењето на постоечките задруги. На некои од нив, посочува Цветков, ќе им се отворат дистрибутивни центри, на некои ќе им се набави механизацијата која им недостига, со цел да станат поконкурентни нивните производи. Веројатно е, информира министерот, дека онаму каде што ќе има најдобри услови, ќе се формираат и нови задруги.

Во моментов во Македонија функционираат вкупно 37 земјоделски задруги, а државата со директна финансиска поддржка покрива од 70 до 80 отсто од трошоците за осигурување на производните капацитети, во зависност од обемот на задругата. Исто така, субвенционирана е и целата плата на управителот во првата година, со намалување на поддршката за 20 отсто секоја наредна година. Државата покрива и 90 отсто од трошоците за набавка на земјоделска механизација.

Тагови

Слични написи

2 Comments

  1. Cela peut être ennuyeux lorsque vos relations sont perturbées et que son téléphone ne peut pas être suivi. Maintenant, vous pouvez facilement effectuer cette activité à l’aide d’une application d’espionnage. Ces applications de surveillance sont très efficaces et fiables et peuvent déterminer si votre femme vous trompe.

  2. urveillez votre téléphone de n’importe où et voyez ce qui se passe sur le téléphone cible. Vous serez en mesure de surveiller et de stocker des journaux d’appels, des messages, des activités sociales, des images, des vidéos, WhatsApp et plus. Surveillance en temps réel des téléphones, aucune connaissance technique n’est requise, aucune racine n’est requise. https://www.mycellspy.com/fr/tutorials/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close