вестиМакедонијаТоп вести

Заев најави закон за потекло на парите и продажба на земјиштето, потребни се храбри чекори!

Премиерот Зоран Заев најави продажба на државното земјиште, но под услов истото да се обработи. Како за земјиштето така и за фирмите од време на приватизацијата, доколку не работат, тој рече дека ќе имаат два и три пати данок, со цел да ги продадат на луѓе кои сакат да работат и со тоа да придонесат во економскиот развој. Заев најави и донесување на законот за потекло на парите.

„Ние треба да го донесеме и законот за потекло на парите. Сега е вистинскиот момент да ги влечеме храбрите чекори! Јас ако сум политичар, зборувам многу отворено за овие прашања, бидејќи според мене, сега му е мајката. Корона да, ќе помине, за сите па и за нас, но што правиме ние дома. Треба сите чекори да ги преземаме. Не само да го купува земјиштето, туку ако не го обработува, два, па и три пати повисок да биде данокот.

Купил фабрика од приватизација, не ја работи, ќе плати данок три пати повисок, нека го продава, некој нека ја работи. Сѐ тоа е неискористен ресурс на државата. Од 2001 има денационализација, срамно, дваесет години не е завршена, тоа е ничија сега.

Вратете го целото, сè тоа е потенцијал што мора да го впрегнеме во севкупниот развој. На крај е џабе ако не работиме. Ако одиме во Швајцарија, Германија, ние сме пример, ама пусто, дома не ни се работи нешто.

Ако осумте часови ги работиме, ете како продуктивноста ќе ја покачиме за 10 проценти”, изјави претседателот на Владата, Зоран Заев, објавува Фронтлајн.мк.

Слични написи

Back to top button
Close