fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Заев најавува 50 милиони евра од Светска банка за земјоделството, па повика да се одблокира работата на Собранието каде што се закочени клучни Закони

Откупни пунктови во Струмица, Скопје и Ресен

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев  рече дека вчерашната потврда за довербата во Владата, носи и одговорност да се одблокира работата на Собранието каде што се закочени клучни Закони кои се во функција на развој на државата.

„Најважни се Законот за енергетска ефикасност, енергетската ефикасност и заштедата е важна исто колку и инвестициите. Имаме 25 милиони евра за државните институции и 10 милиони евра за општинските институции, тоа значи обновување на детски градинки, со нови фасади, прозорци, системи за греење, обновување на школи, болници, спортски сали и слично.

Вториот е 50 милиони евра од Светска банка за земјоделството, за откупни пунктови Струмица, Скопје и Ресен, ама најголемата суштина и придобивка на проектот е зголемување на продуктивноста во земјоделието, како од еден хектар со помалку трошоци да имаме поголемо производство, како да го осовремениме нашето земјоделство.

Понатаму третиот проект трамвајот на тркала за Скопје, што чини 70 милиони евра и нема тука потреба од натегање меѓу опозиција и власт. Сите да застанеме, брзо да го реализираме тоа. Да не зборувам за законите од областа на културата, на здравството, од петтиот пакет мерки за помош директно кај граѓаните. Тоа е недозволиво. Нема да дозволам како претседател на Влада блокада во Собранието“, порача Заев.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close