Шеготека… во соработка со „Без навреда“

(Oвој напис е објавен на: June 28, 2019)

 

 

 

 

Крава

Наставничката-Кажи една реченици во која ќе употребиш глагол.

Ученикот-„Кравата во ливадата е пеачка“.

 

 

Коњот

Познат  новопечен бизнисмен се враќа од јавање на коњ.

Коњушарот го прашува-Господине се вративте… Дали уживавте во јавањето?

-Дали уживав?- моја работа. Дека се вратив можиш да видиш.Туку дај види дали се врати и коњот.

 

Ветеринарот

Тошо цел ден го мачела грижа на совест. Колку и да се обидувал да го заборави она што се случило, не успевал. Од време на време ќе го слушнел гласот на утеха, кој извирал од потсвеста  и му велел;

-Тошо. Немој да се обвинуваш. Не си ти ни првиот, ни последниот лекар кој што спиел со пациент…

Но, во реалноста го враќал гласот кој му велел ;

-Абе Тошоооооо, ти си ветеринарррррр…

 

 

Петелот на комшијата

-Замисли комшија, овој Стојан што живее над мене во станот има вистински кокошарник.

-А, има ли петел?-прашува другиот комшија.

-Има бе, како не и тоа салам.

-Ех, сега ми олесна. Три месеци одам на терапија кај психијатар, оти секое сабајле слушам како петел кукурика.

 

 

Инкубатор

-Какви се кокошките родени во инкубатор? –Па вонбрачни.

Побратимот

Добро бе пријателе! Биваше ли да спиеш со мојата жена?

-Види побратиме! Сакав да ја осетам разликата помеѓу мојата и твојата жена.

-А, бе пријателе! Па што не ме праша мене.

 

 

Рогови

Русокоса новинарка прашува фармер, зошто кравата што ја гледа нема рогови?

Фармерот-Ни една крава нема рогови. Но, единствената причина што оваа нема рогови е тоа што е коњ.

 

 

Пиле мое

Мажот на сабајле тежи еден тон, на ручек 100 кила, а на вечер едно килце.

Жената на сабајле му вика-Стани, слон еден!

На ручек-Јади, вол еден!

На вечера-Ај пиле мое, да си легниме!

 

 

Овчарот

Овчарот му пишува писмо на синот студент- „Ти ги праќам оние 500 денари што ги бараше. И да ти кажам кога бараш пари да знаеш дека 500 денари се пишуваат  со две нули, а не со три нули.

 

 

Шталата

-Комшија, комшија, дали коњот ти пуши?

-Не, зошто?

-Е па тогаш, ти гори шталата!

 

 

Трактор

Што прво рикнува на американски трактор?

-Трактористот.

 

Share Button