вестиТоп вести

Закон за дискриминација

Рурална жена

Закон за дискриминација

Законот за спречување и заштита од дискриминација, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 16 мај 2019 година.

Извадок

Член 5

Дискриминаторска основа

Се забранува секоја дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло

национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет,припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло,образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување,попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба,лично својство и општествен статус или која било друга.

 

Член 6

Дефиниција на дискриминација

Дискриминација е секое разликување, исклучување, ограничување или давање

првенство што се заснова на дискриминаторска основа, со сторување или несторување,што имаат за цел или резултат спречување, ограничување, признавање, уживање илиостварување на правата и слободите на одредено лице или група на еднаква основа содруги. Ова ги опфаќа сите форми на дискриминација вклучително и оневозможување насоодветно приспособување и оневозможување на пристапност и достапност наинфраструктурата, добрата и услугите.

 

Член 23

Постапување на Комисијата

(1) Лицата кои сметаат дека претрпеле дискриминација можат да поднесат претставка до Комисијата, писмено или усно на записник, без обврска за плаќање такса и друг надоместок.

(2) Лицето кое смета дека е дискриминирано пред Комисијата може да биде застапувано од страна на здружение, фондација или синдикат со претходно дадена согласност.

(3) Здруженија, фондации, синдикати или други организации од граѓанското општество и институции, што имаат оправдан интерес за заштита на интересите на одредена група или во рамките на својата дејност се занимаваат со заштита од дискриминација, можат да поднесат претставка, ако направат веројатно дека со постапувањето на одредено физичко или правно лице се дискриминирани поголем број лица.

(4) Комисијата покренува постапка по службена должност ако од околностите и фактите, како и од сознаниeто добиено по допрен глас, основано произлегува дека од страна на органите од членот 3 став (2) од овој закон е извршена дискриминација во согласност со дискриминаторските основи.

Член 24

Елементи, јазик и рокови на претставката

(1) Претставката треба да ги содржи следниве елементи: податоци за подносителот, податоци за лицето против кого се поднесува претставката, околностите и фактите врз кои се темели претставката, податоци за правните дејства што претходно ги вложил подносителот, доколку ги има и потпис на подносителот.

(2) Доколку претставката не ги содржи елементите од ставот (1) на овој член или е нејасна, Комисијата ќе го задолжи подносителот да ја доуреди во рок од осум дена од денот на приемот на претставката. Службен весник на РСМ, бр. 101 од 22.5.2019 година 10 од 16

(3) Во постапка пред Комисијата се применуваат одредбите од Законот за употреба на јазиците. Во непосредна комуникација со Комисијата може да се употребува и знаковниот јазик.

(4) Странките кои не го разбираат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо имаат право на преведувач.

(5) Претставката може да се поднесе најдоцна во рок од шест месеци од дознавањето за актот на дискриминација или најдоцна една година од денот кога била сторена повредата.

(6) Комисијата може да поведе постапка и по истекот на рокот доколку оцени дека се работи за случај што засега поголема група лица или кога последицата трае или засега јавен интерес.

(7) Комисијата ја доставува претставката до лицето против кого е поднесена во рок од пет дена од денот на приемот на претставката и тоа може да се изјасни за наводите во претставката во рок од 15 дена од денот на нејзиниот прием.

Содржините на оваа веб-страница се одговорност на сопственикот и уредникот и не ги одразуваат ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија

З.Б.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close