вестиТоп вести

Пријавени субвенции за 2018 година единствениот услов за користење на зелена нафта

 

Право на зелена нафта има секој земјоделец кој има поднесено барање за субвенции за 2018 година. Ова го истакна Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски на настанот кога беа доделени првите картички за зелена нафта.  30% од трошоците што ги имаат земјоделците  за нафта ќе бидат субвенционирани. Единствен услов  за користење на зелена нафта е земјоделците да имаат  пријавено субвенции за 2018 година од Програмата за финансиска поддршка и да имаат поднесено барање.  Количината  на зелена нафта што може да ја добие земјоделецот зависи од пресметките што се прават  врз основа на пројавените податоци за субвенции, а се земаат во предвид површините на земја како и културата што се одгледува, бидејќи за различна култура различни се трошоците.

Платежната картичка, ќе се подигаат од подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Сите земјоделци ќе треба да се обратат во подрачните единици на МЗШВ, во општината на која припаѓаат.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close