fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Законот со кој се овозможува пристап до 530 милиони евра за справување со кризата на дневен ред на 92. пленарна седница

Пратениците денеска треба да ја продолжат 92-та пленарна седница

Пратениците денеска треба да ја продолжат 92-та пленарна седница на која на дневен ред се предлог-законите за задолжување на Република Северна Македонија кај Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со кредитна линија за претпазливост и ликвидност, како и за задолжување на земјава со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење на ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, двата по скратена постапка.

Со кредитната линија за претпазливост и ликвидност од ММФ за поддршка на државниот Буџет треба да се обезбедат 530 милиони евра. Целта на кредитната линија е да обезбеди ефективна заштита од криза за оние земји членки на ММФ кои имаат здрави економски основи, односно политики.

За Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, пак, се планирани 24,9 милиони евра, од кои заем од Светска банка во износ од 20 милиони евра и 4,9 милиони евра грант од ЕУ кој ќе се администрира преку СБ. Проектот ќе се имплементира преку Единица за управување со проектот, која ќе биде формирана во Министерството за финансии.

Потребата за носење на овие закони беше изгласана вчера при утврдувањето на дневниот ред на 92. седница.

Опозицијата најави дека нема да го блокира носењето на законите. 

Во Собранието денеска две седници ќе одржи и Законодавно-правната комисија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close