fbpx
Вести

Законот за „зелена нафта“ во владина процедура

nafta

Согласно со измените, државата ќе покрива до 50 насто од трошоците за гориво во земјоделството, а секој регистриран земјоделец односно земјоделско стопанство, ќе добие платежна картичка за купување „зелена нафта“.

Утре во владина процедура влегуваат измените на законот за земјоделство и рурален развој, со кои треба да се воведе таканаречената „зелена нафта“, најави ресорниот министер Љупчо Николовски.

Согласно со измените, државата ќе покрива до 50 насто од трошоците за гориво во земјоделството, а секој регистриран земјоделец односно земјоделско стопанство, ќе добие платежна картичка за купување „зелена нафта“.

Министерството за земјоделство во изминатите месеци „зелената нафта“ ја најавуваше како решение што ќе го ублажи ударот од ноемвриското зголемувањето на акцизата за дизел горивото. Според Предлог- законот, целта на измените е намалување на производствените трошоци и поконкурентно производство.

Асоцијацијата на земјоделци смета дека купувањето нафта за 30, наместо за 60 денари за литар ќе го ублажи ударот од зголемувањето на акцизата за дизелот и ќе ги намали производствените трошоци.


 

мрт

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close